Маж пукаше во ресторан во Истанбул
Властите тврдат дека не станува збор за терористички акт.
Еден човек загинал откако напаѓач пукал во ресторан во турскиот град Истанбул, објави весникот Hurriyet.
Според властите инцидентот не е поврзан со терористички мотиви.
Локалните медиуми тврдат дека напаѓачот видел во ресторанот маж кој пред 12 години го убил татко му, и отворил оган врз него.
При пукањето се повредени две лица. Напаѓачот е уапсен.
Слично
