Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж почина по вакцинација со АстраЗенека: Црна Гора не ја забранува вакцината, не е утврдена поврзаност

Маж почина по вакцинација со АстраЗенека: Црна Гора не ја забранува вакцината, не е утврдена поврзаност

Црна Гора нема да ја стопира вакцинацијата со АстраЗенека вакцината по смртниот случај во оваа земја и Министерството за здравство извести дека не е потврдена поврзаност со смртта на осумдесетгодишникот и оваа вакцина. Починатиот се вакцинирал ден претходно. 

Комисијата за анализа на несакани ефекти по вакцинирање при Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзаност на смртта на 80-годишен пациент со бројни здравствени ризици и придружни болести кои можеле да резултираат со нагла и ненадејна смрт, со вакцинација со Астра Зенека.

Како што е наведено, „засега нема никаква поврзаност со вакцинацијата и додека не се докаже јасна поврзаност, вакцинацијата продолжува“.

Во соопштението од Министерството се додава дека Комисијата на Институтот за јавно здравје смета дека имунизацијата треба да продолжи имајќи ги предвид сите моментално достапни податоци, како и фактот дека откажувањето на програмата би претставувало потенцијален поголем ризик за здравјето на невакцинираните лица поради можно заболување со Ковид-19


Слично

Поврзани вести