Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж од Зеница се заканувал на Тикток дека ќе убие христијани

Маж од Зеница се заканувал на Тикток дека ќе убие христијани

Босанец се заканувал на Тикток дека ќе убие христијани.

Полицијата во Зеница, Босна и Херцеговина(БиХ), уапси маж кој се заканувал на социјалната мрежа Тикток дека ќе убие христијани, потврди денеска Федералната полициска администрација во БиХ, објавија босанските медиуми.

Полицијата ја претресе неговата куќа на подрачјето на Зеничко-добојскиот округ. Тие запленија предмети што ќе бидат предмет на кривична обработка.

Според важечкото законодавство, ваквите закани можат да се квалификуваат како кривично дело загрозување на безбедноста и поттикнување на насилство и омраза врз верска основа, за што се предвидени парични или затворски казни.

FOTO: MUP ZDK

Слично

Поврзани вести