МАТУРАНТИТЕ СПРЕМААТ ШИРОК ФРОНТ: Ако власта е неспремна за разговори, ќе се соочи со нас!
Матурантите не се изненадени од неспремноста на Министерството за образование да направи нов концепт на екстерното тестирање преку дебата со сите засегнати страни. За нив е предвидлива и очекувана изјавата на министерот за образование Адеми дека “кажале ама не успеале да го сменат концептот”, особено и поради фактот што досега ресорниот министер неколкупати јасно потенцираше дека пред избори образованието не им е приоритет за разговори и решавање. Ова како што велат средношколците покажува крајна неодговорност и несериозност на надлежните кон учениците и целиот образовен процес и е резултат на долгогодишната пракса за маргинализирање на образованието.
“На некој начин, очекувана беше изјавата што ја даде бидејќи со оглед на времето кое преостанува до полагањето екстерно тестирање за матурантите, не се надевавме дека министерството сериозно пристапило кон овој проблем. Многу ни е жал, поради тоа што оние кои треба да ни служат како пример на нас средношколците, се однесуваат крајно инфантилно, покажувајќи крајна неодговорност и несериозност. Нашиот став во врска со екстерното тестирање останува ист: Потполно укинување на постојниот модел, па дури потоа разговори со цел изнаоѓање нов модел прифатлив за сите засегнати страни”-вели Никола Крстевски од Средношколскиот пленум.
[caption id="attachment_156493" align="aligncenter" width="600"]
Од ланскиот протест на средношколците[/caption]
Средношколците следниве два месеци ќе работат на промоција целите на Пленумот како и на нивните барања кои на писмено ги доставија до Министерството. Велат несериозниот пристап на надлежните кон лошо спроведените образовни реформи кои самите ги креираа, ќе им биде здрава подлога на учениците за идни маршеви и активности.
“Она што со сигурност можам да го потврдам е дека следните активности на Средношколскиот пленум ќе бидат многу синхронизирани во повеќе градови низ Р.Македонија. Тоа значи повеќе фронтови - поголем притисок врз МОН. Остануваат уште два неполни месеци, додека да дојде времето, матурантите да полагаат екстерно тестирање. Ние сметаме дека овој временски рок е прекраток, за да се дојде до еден модел од кој ќе бидат задоволни сите засегнати страни. Ние незнаеме, колку време ќе биде потребно, да се дојде до еден модел прифатлив за сите засегнати страни. Затоа бараме комплетно укинување на постојниот модел, а потоа ќе бидеме достапни за разговори во врска со изнаоѓање на нов метод. Нема да дозволиме, времето да го искористат како адут со кој ќе не притиснат во тесно”-додава матурантот Крстевски.
Дополнително преку генерални пленуми во сите градови каде е активирано средношколското движење учениците ќе ги прибираат идеите и предлозите на учениците и наставниците за проблемите кои го уназадуваат образовниот систем.
“Во однос на нашите идни активности, секој град си држи генерални пленуми засебно. Можам да кажам дека комуникацијата помеѓу градовите, особено Скопје, Куманово и Битола е значително зголемена, планираме синхронизирани активности и промоција на барањата кои ги доставивме до МОН. Нашите барања остануваат исти укинување на екстерното тестирање и креирање на нов концепт со вклученост на пленумите, и целосно враќање на стариот концепт на државна матура, а не само нејзино одложување.Сметаме дека моделот кој го предложија и впрочем го изгласаа надлежните, го укинува правото на избор на учениците. И изборот на пакет изборни предмети во трета, година гимназиско образование, паѓа во вода. Меѓутоа не се заддржуваме на тоа, Законот за екстерно тестирање да се стави во мирување, затоа што мирувањето се однесува само на одреден временски период -со други зборови екстерното да биде одложено. Бараме комплетно укинување на постојниот модел на екстерното тестирање”-објаснува ученикот Никола Крстевски од Средошколскиот пленум од Куманово.
Не така одамна:
За потребата од промени во екстерното тестирање предлози на стартот на учебната година стигнаа и од премиерот Груевски, кој од Собранието порача дека власта преку реформите се грижи на подолг рок учениците да добијат квалитетно образование, дури некогаш повеќе и од нивните родители. Тој ја отвори можноста за корекции во екстерното кои ги правдаше како подобрување на тестирањето, со цел да се добие на квалитет и остварување на целта.
“Оваа година Владата на Република Македонија и МОН размислуваат за дополнителни подобрувања. Тие дискусии ќе се пренесат, па ќе има консултации. Ќе видиме што може да се спроведе. Размислуваме да се даде можност за полагање наместо еднаш во годината да биде 2 или 4 пати. Да има повеќе проблемски прашања за да се увериме дека ученикот ја разбрал суштината. Се дебатира доколку ученикот биде оценет со 1 дали да преполага или ако не е задоволен со оцена да преполага. Се размислува да се подобри формулата за пресметка на просек на ученик. Да се провери дали има прашања чиј одговор нема во некои учебници и да се изготват прашања од само еден од одобрените учебници. Да се ангажираат само надворешни лица за набљудувачи, а не наставниците заради зголемување на објективноста. Се дискутира и за комисиско разгледување. Ќе се донесе одлука како да се вратат повисоки стандарди”- рече премиерот во своето образложение пред пратениците во октомви.
Но според последната изјава на министерот Адеми, останува стариот концепт на екстерното тестирање. Последните сигнали кои доаѓаат од првиот човек во министерството според учениците укажуваат на фактот дека надлежните немаат синхронизирано делување и договор за реформите во образованието, или навистина образованието пред избори не им е интересна, ниту суштински битна тема за разговори.

Слично