Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матурантите и наставниците утре ги очекува екстерно тестирање

Матурантите и наставниците утре ги очекува екстерно тестирање
Околу 20 илјади матуранти утре и в петок ќе полагаат испит за екстерно тестирање. Само неколку дена по стартот на новото полугодие ги очекува проверка на знаењата по два предмета кои ги дознаа вчера. Проверка го очекува и околу 3.000 наставници, за кои екстерното тестирање треба да покаже дали правилно оценувале. Матурантите имаа можност да се подготвуваат за испитот преку прашањата во електронскиот систем на Државниот испитен центар, но тоа не им ја намали тремата. Особено откако на недела дена пред испитот, министерот за образование и наука Спиро Ристовски призна дека кај 151 од 60.000 прашања биле пронајдени грешки: Ученици откриле грешки во прашањата за екстерното! Тестирањето на учениците од последната година на средното образование предизвика полемика и меѓу политичките партии. Социјалдемократите најавија дека доколку дојдат на власт, ќе го укинат овој испит. Според Стефан Богоев, претседател на СДММ, нелогично е учениците од завршните години на средното образование на кои им претстои државна матура, да ги полагаат и екстерните тестови. „Министерот за образование Спиро Ристовски, самиот призна низа пропусти нерегуларности во екстерното тестирање но ароганцијата на власта не и дозволува да го повлече проектот“, рече Богоев. Од ВМРО ДПМНЕ истакнуваат дека оваа реформа има меѓународно признат и познат концепт, кој се применува во 30 европски образовни системи и во 24 земји од ОЕЦД, и дека тоа доволно говори за оправданоста на неговата примена и во Република Македонија. „Ние не се колебаме. Оваа реформа ќе продолжи, како и сите останати кои ги имплементираме и кои ги најавивме за следниот период, а со кои Република Македонија креира современ образовен систем и потенцијал кој навистина ќе поседува знаење, применливо за севкупен општествено економски развој, стои во реакцијата на партијата.  
Слично

Поврзани вести