Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матиќ: Претстои усогласување на протоколот за условите за патување во Грција

Матиќ: Претстои усогласување на протоколот за условите за патување во Грција

Српската министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ рече дека Меморандумот за разбирање во областа на туризмот во услови на пандемија меѓу српското и грчкото министерство не е потпишан, но се очекува да биде усогласен и потпишан кога сите услови ќе бидат разгледани, станало збор на синоќешниот онлајн состанок.

Министерката Татјана Матиќ ги негираше обвинувањата на одредени медиуми во Србија, кои објавија дека е потпишан Меморандум за разбирање во областа на туризмот во услови на пандемија меѓу двете министерства, соопшти Министерството за трговија и туризам.

„Меморандумот што ќе ги дефинира условите за влез на патници од Србија во Грција, односно од Грција во Србија за време на претстојната летна сезона, не е потпишан, но се очекува да биде усогласен и потпишан кога сите услови ќе бидат разгледани на вчерашниот состанок со грчкиот министер за туризам Харис Теокарис“, рече минситерката за РТС.

Министерството за трговија и туризам соопшти дека овие услови, меѓу другото, вклучуваат и заемно признавање на сертификати за вакцинација и успешен план за имунизација, како и други технички детали што ќе бидат утврдени во наредниот период.

Пред потпишувањето, текстот на Меморандумот треба да биде усвоен од Владата на Република Србија и Владата на Република Грција.


Слично

Поврзани вести