Матичните лекари одбиваат да ги лекуваат мигрантите
Матичните лекари од четири општини од југоистокот потпишале петиција со која одбиваат дежурства во амбулантата на железничката станица во Гевгелија.
Причината било тоа што амбулантата не е опремена со потребните апарати, материјали и лекови, а немалени заштитни средства за лекување на мигранте.
Петицијата ја потпишале 23 од 25 здравствени ординации од Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци и ја испратиле до директорот на Фондот за здравство.
Во меѓувреме, бранот од мигранти не стивнува, а на границите и железничките станици екипите на Црвен крст им помагаат на мигрантите во прифатните кампови.
Слично
