Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матичните лекари излегуваат на протест – не се задоволни од капитацијата по пациент

Матичните лекари излегуваат на протест – не се задоволни од капитацијата по пациент
Матичните лекари се незадоволни од капитацијата за секој пациент што ја добиваат од Фондот за здравствено осигурување. Најавуваат дека во септември ќе излезат на протест со тричасовно неиздавање рецепти за лекови и неиздавање упати на пациентите и ќе побараат издвојувањата да се зголемат. Освен зголемување на капитацијата од 50 на 70 денари, лекарите бараат да се воведе и дополнителна партиципација од пациентите. Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни матични лекари, вели дека со законската обврска да им исплатат К-15 на вработените, буквално се доведени на работ на егзистенцијата. „Голем е притисокот од членството да направиме нешто за да го свртиме вниманието на здравствените власти на нашите проблеми. Ретко кој матичен лекар има доволно голем број пациенти со кој може да ги исплати платите и надоместоците на плата и да ги покрие тековните трошоци за работа, и да му останат пари. Повеќето работиме на работ на егзистенцијата и исплаќањето К-15 е големо оптоварување за нас. Зошто не се исплати К-15 и за јавната администрација, не може законот да важи за едни, а за други да не важи“, вели таа за Вест. Според неа, лекарите се незадоволни, што резултира и со голем одлив на медицински персонал во странство.  
Слично

Поврзани вести