Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матичните лекари го откажаа штрајкот, со Тодоров ќе продолжат да разговараат за нивните барања

Матичните лекари го откажаа штрајкот, со Тодоров ќе продолжат да разговараат за нивните барања
По денешната средба со министерот за здравство Никола Тодоров, матичните лекари одлучија да ја стават во мирување најавата за штрајк и неколкучасовен прекин  на работата и да продолжат да разговараат за нивните барања. Лекарите бараат покачување на капитацијата, воведување партиципација за повеќе од еден преглед во месецот, а лиценцата за работа да не се врзува за лекар туку за установа. „Сметам дека е добро што ќе има уште еден работен состанок, на кој ние би отишле со предлози од други здравствени системи, со што би понудиле конструктивен предлог со што би направиле позитивен исчекор во здравството на нашата држава“, рече д-р Лилјана Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни матични лекари. Според Тодоров, пак, за дел од барањата има и контра-барања од други заинтересирани страни, па тие ќе мора внимателно да се разгледуваат и да се соочат. „Посебно што за делот за лиценцата има и контрабарање од иницијативен одбор на млади лекари кои сметаат дека ако лиценцата се ’врзе‘ за установа, тие никогаш нема да станат матични лекари, ќе бидат само вработени кај матични лекари. За капитацијата, може само да кажам дека матичните лекари што имаат 2.000 пациенти, од Фондот месечно добиваат по 100.000 денари. Ако се одбијат средствата за плата на медицинската сестра и другите трошоци, платата на матичниот лекар пак ќе биде поголема од еден хирург кој оперира и дежура“, вели министерот за здравство. Во следните 10-тина дена ќе се земат примери и од други земји, за да се види како најдобро да се решат проблемите во здравствениот систем, со кои се соочуваат лекарите и заради кои сакаа овој петок да ја прекинат работата на три часа.
Слично

Поврзани вести