Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матичните лекари го одложија протестот – чекаат средба со министерот Тодоров

Матичните лекари го одложија протестот – чекаат средба со министерот Тодоров
Матичните лекари в петок нема да штрајкуваат со неколкучасовно неиздавање на електронски рецепти, како што беше најавено. Причина е што за утре имаат закажано средба со министерот за здравство Никола Тодоров, на која се надеваат дека ќе најдат слух за нивните барања за подобри услови и повисоки плати во примарното здравство. Од средбата зависи дали штрајкот дефинитивно ќе биде откажан или сепак ќе се одржи. „Има­ме закажано средба со министерот и, зависно од тоа како ќе помине средбата,  ќе го информираме членството, и потоа ќе одлучиме како ќе постапиме. Засега не са­кам да коментирам", вели д-р Лили Чо­ла­ко­ва - Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари. Матичните лекари, покрај на ниските плати, се жалат и на финансиски и законски оптоварувања, пред се со исплатата на К-15, со што според нив  е доведен во прашање опстанокот на околу 3000 приватни ординации. На собранието на Здружението, кое се одржа на 31. минатиот ме­сец, тие одлучија, доколку три недели никој од надлежните не ги прими за да раз­го­ва­ра­ат за нивните барања и проблеми, да одржат тричасовен протест, при што нема да кре­и­ра­ат преку системот за закажување "мој термин" и да им издаваат електронски упа­ти на пациентите.
Слично

Поврзани вести