Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матични лекари под лупа на Министерството затоа што издавале премногу упати

Матични лекари под лупа на Министерството затоа што издавале премногу упати
Матичните лекари кои најмногу препраќале пациенти кај специјалисти ќе се најдат под лупа на Министерството за здравство. Евиденцијата преку системот „Мој термин“ покажала дека имало лекари кои издавале и по 58 упати за специјалист дневно, иако просекот е речиси шест пати помал. Ќе се проверува колку се стручно издржани упатите и дали за тоа за што се испраќа болниот на повисоко ниво, не можел да го реши самиот матичен лекар. „Ќе се формира комисија од специјалисти од клиниките, како и професори и претставници од Лекарската комора кои до детаљ ќе ги проверуваат упатувањата од здравствените установи кои имаат најмногу упати кон повисоко ниво“, вели Милан Аризанковски, раководител на проектот „Мој термин“ при Министерството за здравство. Од почетокот на годинава до 31 јули се издадени над 2,8 милиони, од кои најмногу специјалистички или 2,2 милиони упати. Министерството за здравство е задоволно од резултатите од проектот „Мој термин“, бидејќи преку него се воспоставувал поголем ред во амбулантите. Сепак, и покрај практика за испраќање смс-пораки на пациентите за потсетување за нивниот закажан термин, пациентите уште немаат навика да го откажат прегледот ако не можат да дојдат. Само изминатите три месеци на закажаниот преглед не се јавиле 23 отсто од болните или 245.800 пациенти.  
Слично

Поврзани вести