Економија, финансии, бизнис

Контакт

Материјалите се анализираат во Хамбург, одговорите за еболата пристигнуваат за неколку часа

Материјалите се анализираат во Хамбург, одговорите за еболата пристигнуваат за неколку часа
Лабораторијата во Хамбург им потврдила на македонските власти дека се примени материјалите од починатиот британски пациент и оти веќе е започната анализата која треба да потврди дали тој боледувал од ебола. Резултатите се очекуваат доцна попладнево. Здравствените власти велат дека шансите тој да бил заболен од ебола се многу мали, но сепак и натаму се преземаат сите превентивни мерки се додека не биде добиена и официјална потврда. „Денеска сакам да информирам дека добивме детална потврда од нашите партнери од Велика Британија за движењето на починатиот во последните неколку месеци.Од епидемиолошката анализа на овие податоци, може да се заклучи дека е уште помала веројатноста да станува збор за вирусот ебола“, вели д-р Јованка Костовска, раководител на сектор за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство. Засега во Македонија нема друг сомнителен случај. Лицата кои моментално се наоѓаат во карантин се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми. Меѓу нив е и едно бебе. „Уште еднаш сакам да повторам дека иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, ние се надеваме на најдоброто, но сепак како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио “, вели Костовска.
Слично

Поврзани вести