Економија, финансии, бизнис

Контакт

Математика ќе биде задолжителна само за природно-математичките гимназии

Математика ќе биде задолжителна само за природно-математичките гимназии

Непосредно пред вториот протестен марш кој го организираат од Средношколскиот пленум, средношколците ги дочека веста дека зад затворени врати новоформираната Средношколска платформа на унија на средношколци на Македонија, на средба со надлежните од  Министерството за образование и наука паднал договор во врска со полагањето на државната матура.

Од МОН соопштуваат дека после долга дебата постигнале договор математика да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје додека за гимназијалците коишто го одбрале општествено – хуманистичкото подрачје, како и за сите ученици од средните стручни училишта, математиката ќе биде предмет со можност за избор, покрај странскиот јазик, односно ќе се полага само доколку ученикот го одбере, согласно личната волја, убедување и афинитети. За гимназијалците коишто го одбрале јазично – уметничкото подрачје, задолжителни предмети ќе бидат мајчиниот и странскиот јазик.

Во текот на следниот период МОН до сите факултети од областа на техничките науки ќе испрати писмо во кое ќе им препорача приоритетност во уписните политики, односно селекцијата, да имаат кандидатите коишто на државна матура го одбрале и го положиле предметот математика.

Но, денешната средба на официјалните претставници на Средношколскиот пленум и одлуката од истата воопшто не им се допадна на средношколците.

Тие реагираат дека Унијата на средношколци на Македонија која има неактивен статус од 2013 година успеала само за 2 дена да издејствува средба со Раководството на МОН.

Оттука потсетуваат дека нивниот пленум е сосема поразличен од оваа унија и дека испратиле две барања од кои едното се однесува за враќање на стариот концепт за полагање на државна матура, за сите подрачја, а во второто барање побарале екстерното тестирање да се стави во мирување.

Тие потенцираат дека двапати барале средба со министерот и раководството, и иако министерот јавно им ветил дека ќе остварат средба тоа не се случило.

Средношколците велат дека нема да дозволат да бидат изманипулирани и поделени и в среда излегуваат на втор протестен марш.

Слично

Поврзани вести