Maтеј Периш починал од ненасилна смрт, потврдено е дека телото најдено во Дунав е негово
Телото извлечено од реката Дунав во Србија е на Матеј Периш, Хрватот по кој се трага од Нова година наваму.
Обдукцијата покажа ненасилна смрт, велат од српското Министерство за внатрешни работи. 27-годишниот хрватски државјанин исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември лани, кога ги оставил своите пријатели во клубот Готик.
Телото на Периш е пронајдено на 8 километри од место каде го виделе за последен пат, во фармерки и маичка кои што одговараат на она што момчето ги носело кобната вечер. Од личните работи пронајдени се неговиот часовник и мобилен телефон. Последниот сигнал од телефонот на сплиќанецот е регистриран во реката Сава каде се претпоставува дека се удавил.
Слично
