Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАТЕЈ ГО НЕМА ТРИ НЕДЕЛИ, ВЧЕРА СЕ ПОЈАВИ ПРЕПИСКА НА ДРУГАРИТЕ: Што утврди истрагата досега?

МАТЕЈ ГО НЕМА ТРИ НЕДЕЛИ, ВЧЕРА СЕ ПОЈАВИ ПРЕПИСКА НА ДРУГАРИТЕ: Што утврди истрагата досега?

Хрватската полиција успеала да ја пронајде преписката меѓу пријателот на Матеј и девојката, од која може да се заклучи дека ноќта на исчезнувањето конзумирале наркотици, но Периш си заминал.

Матеј Периш (27) од Сплит исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, а никому речиси не му е јасно зошто оставил шест свои пријатели во белградскиот клуб „Готик“ и истрчал на улица без јакна.

Наводно, вчера во хрватските медиуми се појавила преписката на неговите пријатели од која може да се заклучи дека ноќта на исчезнувањето на Матеј конзумирале наркотици.

- Досегашната истрага утврдила дека Матеј не бил во конфликт со никого во и надвор од клубот. Но, нема докази дека сплитчанецот упаднал во Сава - тврди извор од истрагата и додава дека истражителите ги испрашале пријателите на Матеј и неговиот пријател М.С. со кој последен пат контактирал исчезнатиот млад човек.

Камери

Младиот сплиќанец бил снимен од камерите на 31 декември минатата година во 1.43 часот како излегува од Бетон хол, по што се движи кон улицата Караѓорѓева, а понатаму кон Бранков мост. Три минути подоцна го запира таксистот и бара да се качи. Бидејќи не бил слободен, Матеј продолжува да трча кон ресторанот „Саванова“ на Шеталиштето. Инспекторите врз основа на видеото успеале да заклучат дека сплиќанецот дошол до реката Сава, но не и дека ја прескокнал оградата на пристаништето и влегол во водата.

Телефон

Засега истрагата утврдила дека Матеј на 30 декември минатата година во 22 часот и 29 минути преку Инстаграм и пратил порака на сестрата на неговиот другар Маја С., но таа не му одговорила. Како што вели и самата, „посебно и е тешко бидејќи таа е последната личност која Матеј сакал да ја добие“. Младиот Сплитчанец на ист ден пред да исчезне му испратил порака на својот татко Ненад Периш „Тато, влегувам во Србија“ и оттогаш не се слушнале. Сигналот на неговиот телефон последен пат бил забележан на 31 декември минатата година во 02.05 часот во реката „Сава“.

Пријатели

Матеј Периш во Белград дошол со уште шест пријатели. Според нив, тие не почнале веднаш да го бараат другарот бидејќи мислеле дека „разговара со некого“. Тие биле сослушани во белградската полиција и поминале полиграфски тест. Откако дале изјави ја напуштиле Србија. Но, хрватската полиција ги испрашувала и вчера локалните медиуми објавија дека момчињата од Задар консумирале наркотици. Меѓу нив има и пораки кои пријател на исчезнатиот сплитќанец ги разменил со неговата девојка, ден по исчезнувањето на Матеј и неколку дена потоа. Во пораките ден по неговото исчезнување, пријателот на Матеј изјавил дека не знае што се случило со Периш и се чуди дека се работи за „халуциногени дроги или нешто слично“. Најпрвин и рекол на девојката дека не земале наркотици и дека не знае што се случило со Матеј, додека неколку дена подоцна во дописи рекол дека дрогата ја земале откако Матеј го напуштил клубот.

Татко

Во интервју за Телеграф.рс, Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек, тврди дека никогаш не го видел својот син пијан и дека е сигурен дека не конзумирал дрога. Да, иако помина многу време, тој верува дека е жив и дека заедно ќе се вратат дома. Се уште не го знае одговорот на прашањето зошто Матеј ги оставил пријателите и истрчал надвор.

Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрагата е проширена во уште три града, а за исчезнувањето бил информиран и Интерпол.

Слично

Поврзани вести