Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАТЕЈ Е ВИДЕН ВО МИНХЕН? Ако не е близнак просто е неверојатно колку личат-хрватска манекенка ќе допатува во Белград да соопшти детали

МАТЕЈ Е ВИДЕН ВО МИНХЕН? Ако не е близнак просто е неверојатно колку личат-хрватска манекенка ќе допатува во Белград да соопшти детали

Хрватската манекенка Л.А. која на својот Инстаграм објави дека видела момче во Минхен кој неверојатно личи на исчезнатиот, Матеј Периш, ќе допатува во Белград да ги соопшти сите детали во полицијата.

Манекенката за Курир.рс изјави дека дури три пати го видела во Минхен, по што на својот Инстаграм профил стави објава во која прашува колку е висок Матеј Периш, за да може да го спореди со физичкиот изглед на момчето кое го видела.

Три пати помина покрај нас и јас навистина обрнав внимание. Неверојатно колку е ист. Последен пат го сретнав кај хотелот „Мандарин“, каде што се полициската станица и поранешниот ресторан Опатија. Мајка ми која го шеташе моето бебе со мене сакаше во моментот да му пријде, но јас не дозволив. Сакаше да го слика, но не и дозволив, ми беше непријатно. Момчето изгледаше помалку изгубено, но сличноста со Матеј е „копија“. Во недела дефинитивно ќе летам за Белград, па ќе одам во полиција бидејќи верувам дека сите информации се важни. Жал ми е што не дозволив мајка ми да го слика, навистина ми беше незгодно...се надевам полицијата ќе си го направи своето и се надевам дека е тој, ако не е близнак просто е неверојатно колку личат, изјави хрватската манекенка.

ФОТО: PRINTSCREEN/INSTAGRAM

Слично

Поврзани вести