Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малта пред Германија во брзината на вработување на дипломираните

Малта пред Германија во брзината на вработување на дипломираните

Во некои земји во Европската унија поради недостаток на работници дипломираните студенти немаат проблеми со вработувањето.

Според Еуростат, европски првак во вработување на дипломирани студенти е Малта каде дури 94,5 проценти имаат работно место, што гмалата островска земја од Медитеранот ја прави подобра од Германија, која е на второто место со 90,9 проценти.

Зад Германија следат Холандија со околу 90 проценти. Работата брзо се наоѓа во Чешката Република, каде што 89,9 проценти од дипломираните студенти добиле работа. Во Австрија, дури 89,4 млади луѓе со диплома веднаш ќе добијат работа по завршувањето на студиите.

Австрија е проседена од Полска со 81.2 и Словенија со 81.6 проценти. Дури и Бугарија има висок процент од околу 77,7 отсто. Во Романија оваа бројка е 76 проценти.

Според најновите истражувања од Брисел, просекот на земјите од Европската унија се зголемува - во 2014 година беше 76 отсто, а во 2018 година 80,2 проценти.

Според анализата, која е базирана на компаративна студија за вработување на младите луѓе со диплома стекната во последните три години, една третина од високото образованите на возраст од 20 до 34 години во Хрватска нема работа.

Интересно, на дното од 28-те земји-членки на ЕУ се Италија и Грција, а според економистите тоа е поради застарениот систем на образование.


Слично

Поврзани вести