Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мастер Гаспром влегува на македонскиот пазар со гас

Мастер Гаспром влегува на македонскиот пазар со гас
Компанијата Мастер Гаспром, македонска компанија со украински партнер, влегува на македонскиот пазар со гас, соопштуваат од компанијата. Компанијата и официјално доби лиценца од страна на Регулаторната комисија, а за своето функционирање достави и банкарска гаранција од 50 милиони евра. Од компанијата најавуваат дека со конкурентна цена и континуитет во испораката на гас ќе бидат избор број еден на македонските компании. „Предноста на нашата компанија е што поради партнерските односи со украинска фирма што има големо искуство на пазарот со гас во Украина имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија. Имаме склучено директен договор со Гаспром, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас на компаниите“, тврдат од компанијата.  
Слично

Поврзани вести