Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовно се гради, оваа земја има градежен бум

Масовно се гради, оваа земја има градежен бум

Градежен бум има во Германија. 

Бројот на дозволи издадени за градба на објекти за живеење се зголемил за 20% во 2016 година, изјави денеска германската министерка за домување Барбара Хендрикс. 

Таа градежниот бум го поврзува со економскиот раст превиден за 2017 година.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, зголемениот број на барања за градба на живеалишта во Германија се должи на зголемениот број на жители, зголемената безбедност на работните места и рекордно ниските цени на кредитите.

Лани во Германија се издадени дозволи за повеќе од 380.000 згради што е зголемување за околу 70.000 нови објекти за живеење. Поголем број на дозволи за згради во Германија биле издадени само во 2000 година. Градежништвото е еден од најважните фактори за економската експанзија на Германија каде што од 1,9 % на растот на ГДП околу една шестина или 0,3% се должи на градежниот бум.

До 2020 година на  земјата и се неопходни околу 350.000 нови домови за да се задоволат потребите на пазарот.


Слично

Поврзани вести