Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовно ќе се враќаат лекари во јавното здравство!

Масовно ќе се враќаат лекари во јавното здравство!
Масовно враќање на лекари во јавното здравство најави министерот Никола Тодоров. Министерството за здравство почна процедура за преземање 45 доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство кои се јавија на првиот оглас на Министерството од вкупно пријавените 103 лекари-специјалисти. Постапката за нивно преземање за поголем број од нив е завршена, обезбедени се согласности и потпишани се договорите. Тие почнуваат со работа од 1 август.

Бенефитот од оваа мерка за преземање е тоа што се вработува готов кадар, специјалисти што имаат искуство и знаење и веднаш може да се вклучат во редовната работа на здравствените установи каде што се преземаат – посочи Тодоров.

На првиот оглас на Министерството за здравство се пријавиле 103 доктори-специјалисти кои изразиле подготвеност да се префрлат од приватно во јавното здравство.

Тодоров вели дека поголем дел од овие доктори-специјалисти веќе работеле во јавното здравство. Тие преминале во приватното здравство, но сега пројавуваат интерес да се вратат во јавното здравство.

Од понеделник Министерството за здравство ќе објави уште еден оглас, втор по ред, за преземање доктори-специјалисти од приватно во јавното здравство.

Со ова, практично во здравството се случува обратен процес, откако пред неколку години добар дел од лекарите почнаа масовно да го напуштаат јавното здравство.

Слично

Поврзани вести