Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовно ги купуваат германските фирми - платиле 11,6 милијарди евра

Масовно ги купуваат германските фирми - платиле  11,6 милијарди евра

Нов рекорд има на кинеските корпоративни превземања во Германија. 

Од јануари до крајот на октомври 2016 година, инвеститори од Кина и Хонг Конг имаат купено 58 германски компании за вкупно над 11,6 милијарди евра

Кинеските корпоративни превземања во Германија достигнуваат нов рекорд - како во однос на бројот на самите стекнати компании, така и во однос на финансискиот обем, пренесува ДПА. 

Од јануари до крајот на октомври 2016 година инвеститори од Кина и Хонгконг купиле вкупно 58 германски компании или 19 повеќе од целата 2015 година, се гледа од податоците на консултантската компанија EY (Ernst & Young).

Импресивен е износот што кинеските инвеститори го потрошиле за овие десет месеци за трансакции во Германија - 11,6 милијарди евра, околу 20 пати повеќе од износот за целата 2015 година. 

Во Германија меѓу економистите и економските експерти во министерствата досега доминираше мислењето дека еден ваков отворен пазар носи придобивки. 


Слично

Поврзани вести