Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mасовни протести против мерките за штедење

Mасовни протести против мерките за штедење
На протести повика Европската конфедерација на синдикати (ETUC)  кои според планот треба да се одржат на 14 ноември, а истите ќе бидат  против мерките за штедење кои се во сила во Европската унија. - Тој ден, 14 ноември, ќе се одбележи со штрајкови, манифестации, собирања и други акции, порачуваат од ETUC (European Trade Union Confederation). На 14 ноември ќе се одржи генерален штрак во Португалија, а акции се предвидени во Шпанија и Грција, членки на ЕУ тешко погодени од кризата во еврозоната. ETUC во кој се 85 синдикални организации во 36 европски држави и 10 секторски федерации соопшти дека „остро се противи на мерките за штедење кои Европа ја туркаат длабоко во економска стагнацијацо рецесија и притоа го рушат европскиот социјален модел“.
Слично

Поврзани вести