Масовни протести ќе ја блокираат Грција на 1 мај
Во Грција се зголемија безбедносните сили за контрола на сообраќајот пред викендот, забрането е движење на товарни возила. Во исто време, поради штрајк се укинуваат летови, се очекува и прекин на поморскиот транспорт.
Почнува тричасовен штрајк на авиодиспечерите, кои го затвораат небото над Грција. До 16.00 часот денеска се откажани сите летови од и кон аеродромите во земјата, откажани се и летови во доцните попладневни часови. Тоа е предупредување за запирање на работа во знак на протест против недостигот на персонал и нерешените проблеми во воздухопловството, соопштија од синдикатот.
Застануваат и возовите. Железничарите учествуваат во вкупниот првомајски штрајк, а утре нема да се движи ниту еден воз. До полноќ денес се движат само неколку возови по главните насоки.
Пристаништата се полни со патници, кои имаат можност да се качат на траект само до крајот на денот. Морнарите ги затвораат пристаништата за 24 часа, и реално го блокираат пристапот до островите. Се подготвуваат масовни протести утре.
Сообраќајната полиција е со зголемен број тимови за контрола на патниот сообраќај. Во сила е забрана за движење на камиони.
Утре ќе има протести во цела Грција. Продавниците исто така нема да работат.
