Масовни отпуштања во Белгија, еве зошто...
Илјадници вработени остануваат без работа во Белгија поради промени на пазарот на трудот, поврзани со доаѓањето на новите технологии и со локалните закони, поради што крајната цена на стоките и услугите е премногу висока.
Уште вест за масовни отпуштања дојде вчера од националната банка ИНГ (ING), каде до 2021 година треба да бидат отпуштени 3500 вработени. Главното објаснување е во тоа што во банкарскиот сектор се повеќе навлегуваат дигиталните технологии кои ја сведуваат на минимум работата со клиенти.
Од почетокот на годината во Белгија беа скратени 12 000 вработени - два пати повеќе отколку минатата година.
Од Министерството за економија, велат дека за првите шест месеци од годинава во земјата биле отворени нови 21 000 работни места, а следната година се очекуваат уште 40.000.
