Масовната вакцинација во централна Србија како да запре - надлежните немаат одговор која е причината
Во неколку градови во Централна Србија, се чини дека масовната имунизација е запрена. Во спортските сали има многу малку граѓани, пишува порталот Нова.рс.
Но, најинтересно е што никој нема одговор зошто сликата е целосно променета. Пунктовите за вакцинација се празни, надлежните велат дека чекаат на повторна вакцинација, но само од понеделник. Никој нема одговор на прашањето кога ќе продолжи масовната вакцинација.
За разлика од пред десет дена и пред да се воведе правилото дека само граѓани кои аплицирале преку е-влада можат да се вакцинираат, во Краљево, за само еден ден, дури 1.400 лица биле вакцинирани. Потоа, за само 24 часа, вкупниот број на вакцинирани на дневна основа се намали за дури четири пати.
Денес Спортската сала во Краљево, каде се спроведува масовна имунизација, е целосно празна. Порталот Нова.рс, како што пишуваат, се уште не добиле конкретен одговор зошто е тоа така.
„Руската вакцина пристигна. Има луѓе, но помалку. Утрово, вакцинирани се Владе Дивац и неговото семејство“, им изјавил еден од волонтерите на Црвениот крст.
Лекарката која новинарите од Нова.рс ја затекнале на еден од пунктовите изјавил дека деновиве вакцинација ќе вршат фирмите. Но, повторно немало соодветен одговор за тоа колку луѓе ќе вакцинираат со руската вакцина Спутник V и што се случува со кинеската вакцина. Директорката на Здравствениот дом, Мирјана Крчевинац, изјавила дека вакцинацијата на здравствените работници со руската вакцина Спутник е во тек.
„Се очекува ревакцинација со кинеската вакцина. Во периодот од 9 до 13 февруари. Околу 1.400 ревакцини. Во меѓувреме, се очекуваат нови списоци преку е-Влада. Досега 10.000 луѓе се вакцинирани во Краљево“, изјавила Крчевинац.
Директорот на Здравствениот дом, д-р Александар Пајовиќ, изјавил дека во Чачак во моментов нема вакцинација и дека се чекаат списоци од Белград, по што ќе се знае кога ќе се продолжи со постапката за имунизација. Тој најави дека повторната вакцинација на лицата кои ја примиле првата доза ќе започне во понеделник. Властите велат дека се обезбедени дози за ревакцинација.
„Граѓаните ќе бидат информирани од Белград, и ние ќе се организираме. Нашите тимови се подготвени“, рекол д-р Пајовиќ. Според него, во Чачак во моментов има мали залихи на кинески вакцини, а наскоро ќе пристигне одредена количина на руски вакцини наменети за здравствените работници, како и вакцини „Фајзер“ за почеток на ревакцинација.
Голем број граѓани кои не беа во можност да дојдат до некое од местата за вакцинација во градот ќе бидат вакцинирани во своите домови преку услугата за домашно лекување. Во Чачак повеќе од 7.000 граѓани примиле вакцина од почетокот на процесот на имунизација. Ситуацијата е слична и во Трстеник. Во овој град веќе пет дена нема вакцини. Граѓаните во Брзата помош добиле одговори дека нема вакцина и дека не знаат кога и дали ќе ја примат.
Извор и фото Нова.рс.