Масовна тепачка во центарот на Скопје
Масовна тепачка започнала вечерва во центарот на Скопје. Според очевидци има и повредени во инцидентот, во кој се користеле и шипки и дрвени палки, а најмалку едно лице завршило на Ургентен.
Според првичните информации тепачката, за која уште не се знае дали е пресметка меѓу две групи или напад на поголема група врз едно лице, започнала најпрвин во Старата скопска чаршија, па продолжила преку Камениот мост, сé до булеварот ВМРО.
Од МВР се уште немаат потврда и подетални информации за причините за инцидентот. Голем број полицајци и припадници на полициската единица Алфи уште се на терен во обид да го расветлат инцидентот.
Слично
