Масовна тепачка на вооружени Албанци во Атина
Грчката полиција пронајде оружје и илјадници евра кај тројца осомничени кои биле приведени во текот на тепачка со други 10 лица во Атина.
Очевидците на полицајците им потврдиле дека дошло до масовна тепчка во раните утрински часови и дека веројатно сите лица имаат албанско потекло.
Се верува дека лицата припаѓаат на криминална банда која е активна во источниот кварт од градот.
Полицијата успеала да приведе само тројца од учесниците додека другите успеале да побегнат. Приведените се на возраст од 28, 29 и 42 години и сега за сега се уште е непозната причината за инцидентот.
Слично
