Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСОВНА ГРОБНИЦА: 700 бегалци се удавија за три дена во Медитеранот

МАСОВНА ГРОБНИЦА: 700 бегалци се удавија за три дена во Медитеранот

Зад нас е најсмртоносната недела кога е во прашање бегалската криза, бидејќи според извештајот на Обединетите нации во три бродоломи се удавиле повеќе од 700 лица, кои се обидувале да дојдат до Европа, бегајќи од воените подрачја.

Според извештајот на УНХЦР, прво во средата исчезнале 100 луѓе во потонат стар брод со кој криумчарите превезувале бегалци кон Италија. После тоа во четвртокот наутро се превртел брод кој испловил од либиското пристаниште Сабратха. На бродот се наоѓале 670 лица, а 550 се удавиле. Третата несреќа се случила во петокот кога загинале 45 лица.

Откако со договорот на Турција и Европската Унија не е затворена така наречената балканска рута, се поголем број на бегалци одлучуваат во Европа да дојдат преку Медитеранот, од Либија во Италија. Тоа ризично патување го зема својот крвав данок.

Според податоци на Меѓународната организација за миграција од април 2015 не е забележано во еден месец да се удават 700 луѓе на Медитеранот, а сега тоа се случи само за три дена.

Слично

Поврзани вести