Маслото за јадење поевтини за 13 проценти
Поевтини маслотот за јадење за 13 проценти. Така сега литар „Kристал“ чини 68 денари наместо 78 колку што беше досега. Цената на светските берзи, која е во надолна линија, предизвика и македонските производители да го поевтинат овој основен прехранбен производ. И тоа во периодот кога некои веќе започнаа со подготовките на зимницата. Од велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“ го објаснуваат поевтинувањето со намалените цени на суровото сончогледово масло. „Цената на сончогледот на светските берзи и на суровото сончогледово масло е во опаѓање. Богатиот род на сончогледот во соседството, во Бугарија, Србија, Романија, но и во Украина придонесе да се намали цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од тоа ќе се формира и цената на македонскиот пазар“, рече Горан Лазов, извршен директор на велешка Маслодајна, објави „Утрински“.
