Маслото од канабис веќе е достапно во аптеките
Во аптеките низ Македонија од денеска е достапно маслото од канабис кое се издава без лекарски рецепт.
Од Министерството за здравство велат дека со ова излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки ги вградиле во законско решение во март годинава.
„Според меѓународните искуства, станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора, и генерално може да помогне во подобрување на имунолошкиот систем кај човекот. Токму затоа, ова масло се наоѓа во слободна продажба и е достапно за секој човек без лекарски рецепт“ - пишуваат од Министерството за здравствоо.
Ова масло не може да биде замена за стандардна терапија ако за одредена медицинска состојба истата е препорачана од доктор, стои на официјалната Фејсбук страна на ресорното министерството.
