Mаслото од канабис следната недела ќе може да се купи во аптеките
Маслото од канабис со низок процент на психотропна супстанца од следната недела ќе може да се најде во слободна продажба во аптеките.
Ќе може секој да го купи без лекарски рецепт. Од денеска специјалисти ќе учат како да го издаваат маслото на болните и во која доза. Едукацијата ќе ја реализираат еминентни професори од Канада и Шпанија. Останиот препарат кој е со појако дејство и кој може да се добие само со пропишување од специјалист, ќе им биде достапен на пациенти со тешки заболувања по едукацијата на лекарите.
Маслата од канабис коишто ќе се продаваат во аптеките низ Македонија, уште немаат одредена цена. Тие ќе се произведуваат тука, а лиценца за производство засега има само една фармацевтска компанија.
Слично
