Масло за готвење како замена за дизел: Возачите во Европа ги опустошија продавниците - видете каква мешавина прават поради зголемувањето на цените на горивата
Поради растот на цените на горивата на светските пазари, дел од возачите во Европа бараат алтернативни решенија, па така во Полска некои од нив користат растително масло за готвење како додаток на дизел горивото.
Новинарот Павел Ригас забележал необична појава во својот град – купувач кој излегувал од супермаркет со количка полна со шишиња растително масло. Бидејќи не станувало збор за набавка за угостителски објект, се појавил сомнеж за неговата намена.
Подоцна се покажало дека купувачот планира маслото да го користи како додаток на дизел за својот постар автомобил.
Станува збор за масло од репка, кое во полските супермаркети се продава по цена од нешто помалку од 25 злоти за пет литри, што за дел од возачите претставува поевтина алтернатива во споредба со дизелот.
Возачот изјавил дека без проблем го користи маслото како дополнително гориво во својот автомобил од постара генерација „Сеат Кордоба“ со 1.9 SDI мотор.
Тој сам подготвува мешавина, најчесто во однос три спрема еден, додека во летниот период користи сооднос два спрема еден – односно на два литра дизел додава еден литар масло.
Дополнително, признал дека веќе направил залихи во својата гаража за „потешки времиња“, а поради зголемената побарувачка и празните рафтови во неговиот град, планира да набави масло и од соседни места.
Овој тренд уште еднаш ја покажува креативноста, но и притисокот врз граѓаните поради растечките цени на горивата.
Курир.рс