Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mаскирани лица сакале да нападнат членка на „Левица“

Mаскирани лица сакале да нападнат членка на „Левица“

Во Битола синоќа во 1 часот по полноќ,  две маскирани лица ја нападнале  Ивана Атанасовска, членка на Централниот комитет на „Левица“ додека се враќала дома.

Маскираните лица и довикувале „Левица – нема правда, нема мир“ и „Пази се“. На улицата каде што се движела се појавиле автомобили, по што напаѓачите веднаш избегале и Ивана успеа да се извлече од нападот без повреди, информираат од „Левица“.

„Бидејќи ова е втор ваков случај за многу кратко време, ние како ‪„Левица“‬ мора да нагласиме неколку работи: Прво, заканите што се упатени од лица со фантомки, доцна во ноќта во заседа нема да не` заплашат да делуваме политички. Ги повикуваме плашливците јавно да се покажат, а не да се кријат, да доаѓаат во групи и напаѓаат поединци од заседа. Второ, кукавичкото насилството и неговото толерирање е резултат на нефункционалното судство, обвинителство и регуларната полиција. Останува да видиме дали во овој случај законот ќе профункционира или ќе продолжи неговата селективна и пристрасна примена! Трето, ова е нешто кое се повторува и има тенденција да продолжи со уште позасилено темпо во иднина. Ова е разголување на авторитарните тенденции во нашето општество“-  велат од „Левица“.

Во јуни по протест двајца маскирани мажи нападнаа девојка од „Левица“.

Слично

Поврзани вести