Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маскирани лица со тврди предмети мавале кон возило на новинари во Митровица

Маскирани лица со тврди предмети мавале кон возило на новинари во Митровица

Маскирани лица со тврди предмети нападнале возило на новинари во Северна Митровица.

Станува збор за службеното возило во кое се наоѓале новинари на порталот на албански јазик „Калѕо“ (Kallxo.com), кои известувале за распоредувањето на косовската полиција во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Во возилото имало две лица – продуцентот Валдет Салиху и новинарката Шкодране Дакај.  Новинарите успеале да побегнат во правец на другиот дел на Митровица и не им се нанесени повреди.

Случајот е пријавен во полициската станица во јужниот дел на поделениот косовски град. Здружението на новинари на Косово (АГК) го осуди нападот и побара безбедност за новинарите.

Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Новиот развој на ситуацијата на Косово, каде повеќе од 300 полицајци од јужна Митровица влегоа во северниот дел од градот, будно го следи и претседателот на државата, Александар Вучиќ. Тој на Инстаграм објави дека предавање.

Слично

Поврзани вести