Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маск: Штедењето за пензионирање наскоро ќе биде бесмислено

Маск: Штедењето за пензионирање наскоро ќе биде бесмислено

Штедењето за пензионирање е основа на личните финансии повеќе од еден век. Но, според милијардерот Илон Маск, тој концепт наскоро би можел да стане - целосно ирелевантен.

„Една препорака што ја имам е, не грижете се за штедење за пензионирање за 10 или 20 години“, рече Маск во најновата епизода од подкастот „Moonshots with Peter Diamandis“.

Доколку, како што вели тој, предвидувањата за развојот на вештачката интелигенција, енергијата и роботиката се остварат, штедењето за пензионирање ќе стане ирелевантно. Маск опишува иднина во која технолошкиот напредок драматично ја зголемува продуктивноста и создава изобилство на ресурси, овозможувајќи го она што тој го нарекува „универзален висок приход“.

„Добра иднина е онаа каде што секој може да има што сака“, рече Маск. 

Според него, ова би значело и „подобра здравствена заштита од онаа што ја има кој било денес - достапна за сите во рок од пет години“. 

Во таков свет, нема да има недостиг од стоки и услуги, а знаењето би било достапно бесплатно.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести