Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маск призна: Автопилотот на Tesla возилата никогаш нема да биде совршен

Маск призна: Автопилотот на Tesla возилата никогаш нема да биде совршен
Елон Маск, директорот на Tesla Motors, се огласи по загриженоста дека автопилотот на нивните автомобили не е доволно безбеден и наместо да му асистира на возачот може да предизвика сообраќајна несреќа и да го доведе во опасност, откако веќе има една жртва на патиштата за која се спроведува истрага. „Тоа е невозможна мисија и недостижна цел, бидејќи совршена безбедност, за жал, не постои и никогаш нема да постои“, признава лидерот на Tesla Motors, Елон Маск. Оваа изјава доаѓа во време кога Tesla Motors го лансираат осмиот по ред компјутерски систем за Автопилот кој ќе има подобар радар и попрецизни сензори за ориентација на возилото во сообраќајот.
Слично

Поврзани вести