Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машиновозачот спасен, директорите ја изгубија битката!

Машиновозачот спасен, директорите ја изгубија битката!
Прекинат е штрајкот на машиновозачите во „МЖ Транспорт“ кој траеше во изминатите пет дена поради, како што тврди претседателот на Синдикатот Ристо Пејовски, исполнување на сите нивни барања. Пејовски информираше дека Управниот Одбор ја повлекол одлуката за негово суспендирање а ги прифатиле и сите нивни предлози  во колективниот договор како на пример,  да нема казнени мерки кон учесниците во протестот, да се врати синдикалната канцеларија и еднаш месечно да имаат средба со раководната структура. Извинувајќи се на генералниот директор за искажаните навреди кон него, Пејовски изјави: „Со оваа состојба победници сме сите. Дојдовме во ситуација каде што можеме да комуницираме и така да ги решававаме сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат вработените во АД „Транспорт“. Отказот е повлечен“, рече Пејовски.  
Слично

Поврзани вести