Машиновозачите штрајкуваат, возови за мигранти има!
Втор ден како машиновозачите од МЖ Транспорт штрајкуваат.
Машиновозачите ја бојкотираат работната обврска бидејќи се незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што машиновозачите бараат средба со премиерот Никола Груевски.
Информацијата за штрајкот е потврдена од надлежните, а според синдикатите во МЖ Транспорт работат само три воза за транспорт на мигранти.
– Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец, изјавил претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски.
Поради штрајкот трпат најмногу граѓаните кои купиле повратни карти, а сега не можат да ги реазлизираат бидејќи сите линии од Скопје кон остантите градови се во застој.
