Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машиновозачите се вратија на работа, железничкиот сообраќај нормализиран

Машиновозачите се вратија на работа, железничкиот сообраќај нормализиран

Од синдикатот на машиновозачите го прекинаа штрајкот на патничкиот и на товарниот железнички превоз по средбата со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

Возовите, според службата за информации од Железничката станица во Скопје, сообраќаат според утврдениот возен ред.

„Постигнавме договор колективниот договор да биде потпишан  во рок од две недели до еден месец, за што ќе преговараме со министрите за транспорт и за труд и социјална политика Јанакиески и Диме Спасов“, изјавил Латко Јовановски, претседател на Независниот синдкат на машиновозачите на Македонија.

Според Јовановски, ќе се преговара и за барањето за промена на пресметката на бенифицираниот стаж.

„Бараме да се врати поранешната пресметка со која на секоја година имавме 4 месеци бефинициран стаж, односно на секои три години по една година, а не како сега една година на четири години“, изјавил Јовановски.

Во Министерство и  новото раководство што е именувано во МЖ Транспорт од вчера, според Јовановски, е постигнат договор и за барањето за исплата на платата еднократно, а не двапати месечно, а ќе се преговара и за останатите синдикални барања.

Слично

Поврзани вести