Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машиновозачите пак ги стопираа возовите

Машиновозачите пак ги стопираа возовите
Преговорите со синдикалните претставници и раководството се замрзнати и штрајкот на машиновозачите продолжува. Повеќе од 80 отсто од вработените веќе шести ден не одат на работа, а 90 отсто од железничкиот сообраќај е откажан. Тие нема да се вратат на работа се додека во целост не им ја исплатат јулската плата. Синдикалците велат дека врз нивните колеги се врвшело огромен притисок и заплашување. По заканите што ги добиле дека ќе бидат избркани од работа, десетина машиновозачи го прекинале штрајкот и се вратиле на работното место. Машиновозачите бараат од актуелното раководство на МЖ и од ресорното Министерство за транспорт, писмено да им гарантирааат дека во иднина платите нема да доцнат и ќе се исплаќаат во целост.
Слично

Поврзани вести