Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машините на РЕК Битола 13 години по ред „прават“ поскапа струја

Машините на РЕК Битола 13 години по ред „прават“ поскапа струја

РЕК Битола произведува поскапа електрична енергија поради трошоци за изнајмување на машините во рудникот Суводол, кој е дел од рударско-енергетскиот комбинат на Битола веќе 37 години и се експлоатира јаглен за производство на електрична енергија, ја отвора повторно оваа тема балканската Ал Џезира.

Компанијата АД ЕЛЕМ, која е во државна сопственост, поради небрежност и не-обновување на механизацијата, 13 години по ред изнајмува мнозинство машини и на тој начин директно влијае на цената на произведената електрична енергија. Иако актуелната влада во Македонија о години ја обвинуваше опозицијата ВРМО-ДПМНЕ за малверзација, практиката на изнајмување на приватна опрема се уште не е променета.

Освен големите багери кои го отстрануваат земјиштето од наоѓалиштето на јаглен, сите други машини се под наем. За наемот на машините за ископ и транспорт само лани платил 11 милиони евра и поради тоа наплатата на струјата не може да поевтини, односно се наплаќа поскапо. Во последните 10 години е потрошено 212 милиони евра.

- Освен три-четири градежни машини, другите се од раните 80-ти. Во моментов се потребни 80 активни машини - вели Златко Ќурчиевски, помошник директор за производство.

За Ал Џезира тврдат дека ваквиот начин на „бизнис“ започнал за прв пат во 2006-та кога новата влада на Никола Груевски преку АД ЕЛЕМ им даде можност на компаниите да заработат за ангажирање на нивните машини.

Драган Миновски, актуелниот директор на АД ЕЛЕМ, за Ал Џезира вели дека се чека да стапи во сила новиот Закон за јавни набавки во април, а кој ќе дозволува да се набават квалитетни машини, односно нема да го ограничува процесот на само најевтина понуда. Повторно ќе се распишел тендер тогаш и ќе се набави квалитетна опрема.

Слично

Поврзани вести