Машините на ЈП Македонија пат вредат 66 милиони, а биле купени за 1,4 милијарди
Доколку ЈП Македонија Пат се одлучи да ја продаде целокупната опрема и механизација што ја има и доколку има заинтересиран купувач, таа би чинела само 66,7 милиони денари, судејќи според најновиот извештај на јавното претпријати за одржување на патиштата.
Загуба во вредноста има за 95,5 отсто, а ако се собере сумата што била платена за сите машини кога биле купени на ново тоа чинело фантастични 1,487 милијарди денари.
Во извештајот за 2017-та потпишан од директорот Гајур Кадриу од Владата се бара итна интервенција во возниот парк, особено што претпријатието има намален кадар со просечна старост од 52 години и неподмирени долгови, од кои 188 милиони денари чекаат да ги наплатат извршителите.
Слично
