Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машинистите денес нема да возат возови во Македонија, бараат 40 отсто поголеми плати

Машинистите денес нема да возат возови во Македонија, бараат 40 отсто поголеми плати

Машинистите од МЖ Транспорт денеска нема да ги управуваат возовите од возниот ред во Македонија, бидејќи ќе бараат зголемување на платите од 30 до 40 отсто.

Бојкотот е започнат од 7.00 часот изутрината а последни кои сообраќале се патничките возови за Битола и за Гевгелија.

Душко Чакаровски потврди дека патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде во прекин се додека не им се исполнат барањата.

Вчера имале средба со членовите на Управниот одбор на Железници Транспорт и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но не бил постигнат договор.

Евентуалната исплата на повисок надомст ќе се одразела на редовната исплата на платите.

Машинистите всушност бараат да им се врати надоместот на плата за квалитет кој се  исплаќал до пред антикризните мерки во 2008 година.


Слично

Поврзани вести