Машала: Турскиот домат повторно ќе се продава во Русија
Откако Русија и Турција ги затоплија меѓусебните држави, во Кремљ донесена е одлиука да се тргне забраната за увоз на турскиот домат. На овој начин турското земјоделство повторно ќе има надеж за голем успех на значајниот руски пазар каде со години имаше гарантиран пласман на доматите, вреден стотици милиони долари во извоз.
Сепак, одлуката не е најидеална за властите во Анкара и нема веднаш да се почуствуваат сите бенефити за турските земјоделци кои во голема мера се потпираат токму на производството на домати.
За почеток, Турција ќе има право да извезе до 50.000 тони домати на рускиот пазар до крајот на оваа година, што е 20% од ланската количина. Двете земји и натаму ќе работат на подобрување на политичките односи пред се, а потоа и на економските со цел да се вратат старите стапки на трговска размена.
Од друга страна Русија ќе може да извезува околу 30.000 тони телешко месо во Турција и ја гради првата нуклеарна централа што е еден од најзначајните енергетски проекти. Главна причина за поставувањето на трговски забрани на Кремљ беше рушењето на руски воен авион од турски борци кој прелетуваше од сирискиот воен простор кај Туркменистан.
