Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масакрот во Сребреница е по наредба на Клинтон?

Масакрот во Сребреница е по наредба на Клинтон?
Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ изјави за Спутник дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е виновен за злосторството во Сребреница. По признавањето на вината,  Хашкиот трибунал ја осуди на 11 години затвор за воени злосторства, но таа изјави дека е неоспорно дека луѓето  во Сребреница страдале, но, како што кажа, по чија наредба? „Клинтон кажа: Америка ќе влезе на ваша страна, муслиманската страна, во војната, ќе ги бомбардира Србите, ако дозволите четниците да влезат во Сребреница. И не смее да има помалку од 5.000 масакрирани“- вели Плавшиќ. Според неа, Клинтон ова му го кажал на Алија Изетбеговиќ, воениот лидер на босанските муслимани и член на претседателството на БИХ. „Тој ова му го кажа на Алија Изетбеговиќ, а потоа Изетбеговиќ ова го пренесе до военото претседателство, јас го читав записникот. Тој Хрват во Хаг ми го даде записникот, а мојот адвокат не можеше да стигне до него. Ми рекоа дека записникот вреди 20 илјади марки и јас само го разгледав стенограмот каде што пишуваше кој што кажал. Изетбеговиќ рекол дека `Клинтон го тера`. Сега, после неколку години, во една книга на Американец кој работел во Сараево стои истото“-додава таа. Изетбеговиќ ова му го соопштил на Претседателството, а член на военото претседателство тогаш бил Сефер Халиловиќ, кој на ова одговорил со „Алија, па ти си полудел“.
Слично

Поврзани вести