Мартина Млинаревиќ Сопта: Донесете ги вашите деца да гинат во Босна
Глас на разум и смиреност како постојано да фали да биде чуен на Балканот, особено кога доаѓа до зовривање на страстите од етнички и верски конфликти. Токму сега на Босна и Херцеговина и е потребна промисленост со одржувањето на контроверзниот референдум во сојузната Република Српска по што повторно се говори како во 90-тите кога се водеше крвава војна.Затоа пистелката Мартина Млинаревиќ Сопта напиша одличен антивоен текст кој привлече огромно внимание од јавноста.
"Кога насловите на порталите ќе те полудат, наежат, доведат до мачнина во стомакот и инсомнија.
Кога секојдневната грозотија на реалноста на оваа земја ја преминува критичната точка, како изморен речен насип, каде гадењето наспроти живеењето во овој хаос по прв пат минува во непријатна и тешка неизвесност, налик на нешто што мислевме дека никогаш повеќе нема да се случи во нашите животи.
Кога најважните работи ги изговараат лицемерни стаорци, повикувајќи да не ескалираат глупостите, стаорците кои готват глупости секој нов ден, бидејќи само глупости ги одржуваат на површина, глувци кои на глупостите од 90-тите гледале од безбедни скривници, со добро заштитени сопствени задници, додека луѓе крвавеле за тие денес да можат безбедно да зборат глупости. Оние кои во 90-тите се сокрија себе и своите деца, па денес во војна ги тераат истите будали кои тогаш останаа без деца, без ум, без екстремитети.
А со мир ја добија оваа дупка која понекогаш на нарекуваме држава. Со мир добија корупција, непотизам, сиромаштија, крадење и просјачење. Епа овој пат, дадете им оружје на вашите фамилии и пратете ги нив да ги бранат вашите болни идеи.
Доведете ги своите деца од престижните светски колеџи и тргнете ги од фотелјите на одборите во државните компании, во рацете ставете им калашникови, па нека гинат за будалштините за кои сонувате. Тргнете се од мојот татко кој само што ја дочека пензијата со повредени раце и скршена душа, бидејќи никогаш ништо не добил во животот освен своите рани, додека вие шверцувавте во име на таканаречените национални интереси и своите џебови.
Подалеку од сите други родители кои го растегнуваат животот од први до први за децата да не ги почувствуваат тегобите на постоењето под ваша контрола, додека вашите деца во скапи болиди возат скапи старлети.
Тргнете се од младината која масовно се запишува на медицински факултет само за да може да масира старци во Германија, оставајќи ги своите баби и дедовци со солзи во очите, додека вашите баби, чичковци, вујковци, вујни и други на хартија стануваат сопственици на најлуксузни зданија, бидејќи ни вашите имотни листови не можат да поднесат толку криминал. Нема да може така, мајмуни. Малку повеќе памет овој пат, лесно поводлив народе. Нека нашиот патриотизам овој пат биде кров над сечија глава.
Нашиот индивидуален микросвет единствено бојно поле кое треба да се одбрани. Семејствата нека бидат единствена татковина и знаме на кое се колнеме. Единствена војна нека биде таа во која се бориме за повеќе бакнежи на нашите деца. И единствената ескалација на нереди нека се случува на креветот со саканата личност.
А тие нека гинат. Можеби овој пат ќе имаат повеќе среќа".
