Мартин Шулц се изјасни за останување на Грција во еврозоната
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц се изјасни за останување на Грција во еврозоната, откако во неделата изјави за германско радио дека може Атина да воведе друга валута, ако Грците отфрлаат референдумот и строгите услови за спасителното финансирање, пренесоа агенциите.
Шулц истакна пред новинарите во Стразбур дека според него оние кои сакаат да ја поделат еврозоната, грешат.
"Моето лично мислење е дека нашата цел не може да биде Грекзит", рече тој.
Во одговор на новинарско прашање, тој посочи дека никогаш не повикувал за оставка на грчкиот премиер Алексис Ципрас или на грчката влада.
Во интервју за весникот "Ханделсблат" пред референдумот во Грција Шулц изрази надеж дека Грците ќе кажат "да" на барањата на доверителите, потсетуваат агенциите.
"Тогаш Ципрас според мене треба да поднесе оставка и нови избори ќе бидат неизбежни", изјави шефот на ЕП, додавајќи дека сепак ќе има техничко преодна влада, па преговорите да можат да бидат обновени.
"Ако преодната влада најде прифатливо решение со кредиторите, тогаш времето на СИРИЗА ќе помине", рече Шулц, имајќи ја предвид владејачката коалиција на радикалните леви сили).
