Мартин Шулц: Не разбирам зошто Ципрас пак се спои со националистите
Претседателот на Европскиот парламент изјавил ден по парламентарните избори во Грција, дека жали за одлуката на Алексис Ципрас да ја обнови коалицијата со националистите од „Независни Грци“.
Во неделата на предвремените избори неговата партија „СИРИЗА“ победи со убедлива предност од над 7 поени пред опозициската „Нова демократија“, но не и достигнуваат 6 пратеници, за да го контролира парламентот. „Независни Грци“ успеаа да прескокнат 3 отсто бариера и да добијат 10 пратеници. Така да двете партии ќе имаат заедно 155 пратеници во 300-члениот парламент.
Но за француско радио Мартин Шулц изјавил дека не ја разбира одлуката на Ципрас да се врати на власт со партија која собра под 4% од гласовите на избирачите. „Му се јавив втор пат, за да го прашам зошто ја продолжува коалицијата со оваа чудна ултрадесничарската партија. Тој генерално не ми одговори. Ципрас е многу итар, особено по телефон. Ми кажа нешта кои изгледаат убедливи, но на крајот во моите очи се малку чудни“.
Лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос ги обвини ЕУ, ЕЦБ и ММФ, што ја претвориле Грција во „должничка колонија“ и се разликува од „СИРИЗА“ на многу важни прашања како односот кон илегалната имиграција и местото на православната црква во државата.
Каменос е полн со изненадувања и треба да биде цврсто контролиран, додал Шулц.
