Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мартенс до Шилегов: Германски инвеститор ќе изгради модерна клиника во Скопје

Мартенс до Шилегов: Германски инвеститор ќе изгради модерна клиника во Скопје

Патрик Мартенс, директор на Германската стопанска комора во Македонија, оствари средба со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на која го извести дека две германски компании подготвуваат големи инвестиции во главниот град, од кои едната треба да биде модерна клиника

„На оваа средба тие разговараа за две компании, германски инвеститори, кои имаат донесено одлука да инвестираат во земјава. Едниот од инвеститорите веќе 10 години работи во земјава и сега донесе одлука да изгради модерна клиника, а истовремено ја разгледува и можноста за инвестирање во ИТ- центар за развој и истражување со цел да овозможи подобри услови како за своите вработени, така и за своите пациенти“, информираат од комората.

Другиот инвеститор барал соодветна локација за својата инвестиција во градот Скопје. Мартенс и Шилегов разговараа за можностите како на компаниите да им се помогне при наоѓањето на локација која ќе ги задоволи нивните барања и ќе им го олесни реализирањето на инвестициите.


Слично

Поврзани вести