Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марта Кос пофали четири земји, меѓу нив не е Македонија

Марта Кос пофали четири земји, меѓу нив не е Македонија

Од Европската Унија(ЕУ) велат дека Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија имаат најголем напредок кон членството. 

Како што кажа еврокомесарката, Марта Кос, другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе. 
„Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на патот кон ЕУ покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот“, рече Кос. 

Кос додаде дека проширувањето на Европската Унија би можело да стане реална можност со оглед на забрзаното темпо на конвергенција на некои земји. 

„За да се случи проширувањето, потребно е земјите-кандидатки да се подготват за преземање на одговорностите што ги подразбира членството, а од друга страна, Европската Унија мора да се подготви за проширување“, додаде Кос.

Црна Гора отиде најдалеку, со сите поглавја отворени, од кои седум се привремено затворени. 

Слично

Поврзани вести